Италијанскиот регион Лацио, на кој му припаѓа и Рим, воведува општа забрана за движење во ноќните часови, што ќе биде на сила 30 дена. Почнувајќи од утревечер, полицискиот час ќе трае од полноќ до пет часот.
Одлуката ја потпиша гувернерот на Лацио Никола Ѕингарети, додека премиерот Џузепе Конте ги замоли Италијанците да го ограничат своето движење и да се воздржат од какви било непотребни активности.
Излегувањето од дома во ноќните часови ќе биде дозволено само за одење на работа и итни ситуации.
Чешка од денеска е во делумен карантин и сите несуштински продавници ќе бидат затворени до 3 ноември, до кога трае сегашната вонредна состојба. Ова не се однесува на супермаркети, аптеки, но и на цвеќарници и продавници за цигари. Дозволени се само „суштински“ излегувања од дома, а само две лица од различни семејства смеат да се групираат.
Во Чешка вчера починаа 101 лице од ковид-19, вкупно 999 досега.