Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ) ја доби првата награда за истражувачко новинарство за 2019 година, која ја доделува Делегацијата на Европската унија во земјава. Тимот на ИРЛ е првонаграден за сторијата „Урбани атентатори“.
Втората награда ја освоија Миомир Серафиновиќ, Билјана Николовска и Снежана Лупевска-Созен за нивната сторија објавена во емисијата „Код“- „Убиства во Кичево – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.
Третата награда е за Петар Клинчарски за неговата сторија на емисијата „360 степени“ – „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“.
Наградите ги додели амбасадорот Дејвид Гир.