ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ 28 БИТОЛЧАНИ НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

    ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ 28 БИТОЛЧАНИ НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19Продолжува истата практика како и досега, добар дел од инфицираните да не ги откриваат контактите, па од 28 заболени денес само 16 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице. (Фото: СДК.МК)

    Во Битола денес  се евидентирани 28 новозарзаени од ковид-19, меѓу кои е и двегодишно дете, што е нов дневен рекорд во градот. Од Центарот за јавно здравје соопштија дека пациентите денес се на возраст од две до 78 години.

    Продолжува понатаму истата практика како и досега, добар дел од инфицираните да не ги откриваат контактите. Така, од 28 заболени на дневна основа само 16 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.

    Со денешните заразени лица, бројот на активни случаи во Битола достигна 200. Од појавата на пандемијата од коронавирус се разболеле над 550 битолчани, а оздравеле над 350. Битката со болеста ја изгубија 19 лица.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира