Во Виена е во тек голема полициска операција, откако вечерва имаше неколку пукања и детонации, а локалните медиуми објавија дека има и седум загинати.
Центарот на австриската престолнина е затворен од полицијата и меѓу загинатите и има и еден полицаец, како и четворица тешко повредени.
Позадината на нападот засега е целосно непозната. Според првичните извештаи, нападната била и синагогата.
Полицијата апелираше до граѓаните да не користат јавен превоз и да избегнуваат јавни места, како и да не објавуваат фотографии и видеа.