Армијата ќе се вклучи во помош на државните институции и здравствените установи во справување со ковид кризата. Претседателот и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ѝ нареди на Армијата да ангажира невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на корона вирусот.
Од кабинетот на Пендаровски информираат дека согласно наредбата, Генералштабот на Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.
„Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини“, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Вчера во земјава беа регистрирани 1.192 нови случаи на ковид-19, починаа 22 лица, а активни случаи се 12.002.