МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ГРУЗИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2021

    МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ГРУЗИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2021Македонија ќе дебитира на ЕП на 13 јуни против Австрија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување откако ја совлада Грузија со 1:0 во финалето на плејофот на Лигата на нации, обезбедувајќи пласман на Европското првенство презакажано од оваа за следната година.

    По исклучително израмнето и тврдо прво полувреме без шанси на двете страни, Македонија го направи клучниот потег во 56. минута, кога Горан Пандев во гол ја претвори атрактивната акција во која учествуваа и Елмас и Несторовски. Тоа беше неговиот 36. гол во 114. натпревар за националниот тим. Грузијците во продолжението на мечот беа безопасни и ниеднаш не го загрозија голот на Димитриевски.

    Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули следната година, а домаќини ќе бидат 12 градови во исто толку држави. Македонија ќе биде дел од Ц-групата и ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на мечот што ќе се игра во Букурешт.

    Во второто коло на 17 јуни, Македонија ќе се соочи со Украина во Букурешт, а четири дена подоцна е дуелот со Холандија во Амстердам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира