НАМЕСТО ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА МОСТОТ НА ВАРДАР ПОСТАВЕНИ ТРАФИКИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА КНИГИ ОД ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

    НАМЕСТО ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА МОСТОТ НА ВАРДАР ПОСТАВЕНИ ТРАФИКИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА КНИГИ ОД ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈАБидејќи не се гради панорамскоtо тркало, доколку не се постават таков вид на објекти тогаш ЈСП „Скопје“ ќе треба да ДДВ од околу 1,2 милиони евра, што според Шилегов е неоправдан трошок. (Фото: Град Скопје)

    После 6 години откако почна да се гради мостот на кој требаше на има панорамско тркало, тој конечно е готов и до крајот на месецов откако ќе добие технички прием ќе биде пуштен во употреба. Со тоа конечно и кејот на реката Вардар ќе биде прооден за пешаци и велосипедисти откако во 2014 година беше заграден заради градежните работи.

    На мостот го нема панорамското тркало, но поставени се три трафики кои како што објаснува градоначалникот Петре Шилегов ќе биде наменети за продавачите на книги кои ќе се дислоцираат од Плоштад Македонија.

    „Бидејќи не се гради панорамското тркало, доколку не се постават таков вид на објекти тогаш ЈСП ‘Скопје‘ ќе треба да плати ДДВ од околу 1,2 милиони евра, што е неоправдан трошок особено во време на пандемија. Тие објекти ќе бидат намените за продавачите на книги кои ќе ги дислоцираме од Плоштад Македонија, со што ќе им овозможиме да ја вршат својата дејност во затворени објекти“, вели Шилегов.

    Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014 како дел од проектот Скопје 2014“ на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“, изградбата требаше да чини 18 милиони евра.

    Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов градежните работи беа стопирани. Во април 2018 Шилегов кажа дека одлучиле мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра. Беше направен и нов проект според кој мостот нема барокни елементи, туку поставена е проѕирна ограда за да се гледа Камен мост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира