Триесетина млади лекари, кои се на приватна специјализација на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и на Кожната клиника, доброволно се пријавиле да работат во Ковид-центрите на овие клиники, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретнал со нив и им рекол дека како министер и како лекар, цени што покажале желба и спремност да се влучат во работата во Ковид-центрите сега, кога за тоа има голема потреба.
„Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит“, рече министерот Филипче.
Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во Ковид-центрите.
Министерот се сретнал и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговарале за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во Ковид одделенијата и болниците низ државата.
Б. НЕСТОРОСКА