10 СТАНАРИ И ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО КУМАНОВО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    10 СТАНАРИ И ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО КУМАНОВО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Тестирањето било направено во петокот откако дел од корисниците пројавиле симптоми.- Домот за стари лица во Куманово (Фото: СДК.МК)

    Десет корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и двајца вработени се позитивни на коронавирус. Во домот се згрижени 135 лица.

    Тестирањето било направено во петокот по барањето на домот, откако неколку вработени излегле позитивни, а дел од корисниците пројавиле симптоми. Биле тестирани 36 лица, 30 корисници и 6 вработени.

    „На наше барање и поради околностите во коишто се најдовме го направивме ова тестирање. Мислевме дека можеби вирусот нема да не` погоди, меѓутоа за жал не останавме имуни, вирусот најде начин како да влезе во институцијата, а тоа се случи преку вработените бидејќи корисниците немаат излезено 7 или 8 месеци. Реагиравме веднаш и веруваме дека нема да се прошири,“ вели директорот Дејан Стојановски. Според него, корисниците се со благи до средно-тешки симптоми на болеста.

    Позитивните се ставени во самоизолација, а во домот се доопремува и уште еден оддел којшто ќе биде наменет за истите потреби доколку се појават нови случаи.

    С.НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира