ПРОТИВ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗАЛУДНО СЕ БАРА ВАКЦИНА, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЗА БУГАРИЈА Е ПООПАСЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ПРОТИВ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗАЛУДНО СЕ БАРА ВАКЦИНА, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЗА БУГАРИЈА Е ПООПАСЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Европската унија“, вели Димитров. (Фото: Влада)

    Мој принципиелен став е дека ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за спорот со Бугарија. Во Фејсбук статусот, објавен пред малку, тој додава дека тоа е бесмртниот „вирус” на идеали против кој залудно се бара „вакцина”, откако бугарскиот новинар Љубчо Нешков, кој го интервјуираше премиерот Зоран Заев, рече дека Димитров е поопасен од коронавирусот за Бугарија.

    „Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит. Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина’“, напиша Димитров.

    Вицепремиерот вели и дека идејата на Договорот за добрососедство со Бугарија била историјата да им се остави на историчарите, за политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината и да ги решаваат билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира