Земјотресот што попладнево се почувствува во Скопје бил со јачина од 3,9 степени.
Според Американската агенција за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот е 1 километар западно од скопско Јурумлери, односно во Долно Лисиче и е со длабочина од 10 километри.
Според податоците на Американската агенција, во 11.54 часот земјотрес е регистриран и во соседна Грција, со јачина од 4,5 степени.