МАКЕДОНИЈА НА 51. МЕСТО ОД 58 ПО ЗНАЕЊЕ ЗА ПРИРОДНИ НАУКИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    МАКЕДОНИЈА НА 51. МЕСТО ОД 58 ПО ЗНАЕЊЕ ЗА ПРИРОДНИ НАУКИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕМакедонските ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 58 држави, земјава е на 51 место по знаење за природни науки, а на 45 место по математичка писменост, стои во резултатите од меѓународното ТИМСС тестирање спроведено во 2019 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонгконг, Кина, Јапонија. Во однос на земјите од опкружувањето македонските ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

    „Резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС ни даваат вистинска слика за тоа каде се наоѓа нашиот образовен систем на глобалната карта по математика и природни науки и колку нашите ученици се оспособени да го искористат сопственото знаење. Тестирањето ни покажа дека како земја генерално имаме капацитет да создадеме квалитетно едуцирани генерации, но дека треба уште многу да се работи“, велат од МОН, додавајќи дека се работи на нова концепција за основно образование.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира