ПУШТЕНИ ПЛУС ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ЗА СКОПЈЕ, ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ НАСКОРО, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ПУШТЕНИ ПЛУС ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ЗА СКОПЈЕ, ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ НАСКОРО, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМинистерството за здравство за оваа сезона набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип. (Фото: К. Попов)

    Електронскиот систем за закажувања Мој термин утрово отвори 1.800 термини за вакцини за сезонски грип за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, за утре, понеделник, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1.080 термини за деновите – сабота, четврток и петок.

    Откако почна вакцинацијата против сезонски грип на 10 ноември, матичните лекари секојдневно реагираат дека има малку термини, дека имаат бурни реакции од  пациентите и дека со ова темпо имунизацијата ќе заврши налето.

    Министерството за здравство соопшти дека од денеска се зголемува бројот на термини за вакцинација против сезонски грип, а дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.

    Со новите термини вакцинацијата започна денеска во 14 часот во Здравствен дом Скопје, односно се одвива во 6 поликлиники на територија на Скопје и тоа во поликлиниките: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански. Имунизацијата е со упатување од матичен лекар преку Мој термин во период од 14 до 19 часот.

    Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот.

    Вакцинација е бесплатна за следните дефинирани ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

    „Според препораките од страна на епидемиолозите, нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата. Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој пердиод до започнување на пикот на сезоната на грип. Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот го очекуваме при крајот на месец јануари и почеток на февруари. Во однос на ова, според епидемиолозите никогаш не е доцна граѓаните да се заштитат од сезонскиот грип и да ја примат потребната вакцина“, велат од Министерството и додаваат дека оваа сезона уште нема потврден случај за сезонски грип.

    Според податоците од Мој термин, заклучно со 3 декември, вакцинирани се 9.815 пациенти закажани преку матичен лекар, а од нив 2.103 пациенти од нив се од Скопје. Министерството за оваа сезона набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, Министерството вели дека оваа година за околу 40% се зголемија количинит

    Само што почна вакцинацијата на 10 ноември, за неколку часа се продадоа сите вакцини на приватно во Скопје. Во Центарот за јавно здравје Скопје се продадоа сите 2.000 дози од по 800 денари, а тогашниот директор д-р Александар Стојанов кажа дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини.

    Новиот директор на Центарот д-р Бесим Зеќири ни рече дека вакцините сѐ уште не се стигнати и дека нивната испорака се очекува до крајот на неделата.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира