НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ДРЖАВНА МАТУРА ШТИПСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ГО БЛОКИРАА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

    НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ДРЖАВНА МАТУРА ШТИПСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ГО БЛОКИРАА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТСредношколците протестираа со транспаренти „Стоп за државна матура “ и со хорско извикување „Не сакаме државна матура“. (Фото: СДК.МК)

    Група средношколци од петте средни училишта во Штип, во кои учат ученици и од соседните градови, протестираа против државната матура.  Со транспаренти „Стоп за државната матура“, матурантите бараат да нема државна матура во вакви услови на пандемија, кога целата практична и онлајн настава не се спроведува по најносновните критириуми.

    Идните матуранти протестираа пред зградата на Општина Штип, во време кога во неа работна средба имаа вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тие не се сретнаа со учениците.

    Средношколците протестот го продолжија по главната штипска улица Васил Главинов во центарот на градот, за што сообраќајот беше блокиран, а протестот заврши на штипскиот плоштад каде во хор учениците извикуваа стоп за државната матура.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира