Амбасадата на Германија во земјава донираше амбулантно возило за потребите на Здравствениот дом во Гостивар.
„Последните статистики за ковид во земјата не се охрабрувачки. Но, се надевам дека ова медицинско возило доаѓа во вистинско време кога е потребна помош. Овде во регионот на Западен Балкан имаме партнери, кои при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас. Германија до сега го поддржа регионот со 15 милиони евра. Освен тоа Eвропската Унија помага со 3,3 милијарди евра, во кои Германија учествува со скоро една третина“, рече амбасадорката Анке Холштајн.
Оваа донација e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од ковид-19. Со оглед на актуелните состојби главен акцент на германското претседателство е справување со пандемијата и нејзините последици.
Вкупната вредност на донација е 38.000 евра.