АКО ИМАТЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЈАНКУЛОСКА ПОТПИШАЛА УНИШТУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА, ДОСТАВЕТЕ НИ ГИ, И ОДГОВОРИ ЈАНЕВА НА АВИРОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО ИМАТЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЈАНКУЛОСКА ПОТПИШАЛА УНИШТУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА, ДОСТАВЕТЕ НИ ГИ, И ОДГОВОРИ ЈАНЕВА НА АВИРОВИЌ

    „Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не бил министер во 2014 година, кога се уништувала опремата за прислушување во МВР, туку Гордана Јанкулоска. Благодарам на податокот што ми го дадовте, бидејќи против Јанкулоска не се води истрага за предметот ‘Тврдина’. Но, ако имате доказ дека има и министерски потпис за уништувањето, имате законска обврска да ни го доставите“, и одговори специјалната обвинителка Катица Јанева на пратеничката од СПМ Владанка Авировиќ, која во говорот предмалку на Комисијата за политички систем тврдеше дека уништувањето на опремата како безвредна, како што нагласи, го потпишал министер, а тоа бил Оливер Спасовски. Додаде и дека се било преснимено од софтверот, немало ништо избришано што може да му служи како податок на СЈО во истрагите и затоа Спасовски го потпишал.

    Претходно, Авировиќ и кажа на Јанева дека таа нема мисија, како што се обидува да претстави, туку како што рече: „Мисија може да има Мајка Тереза. Да лекува болни деца“, а Јанева може само да води истраги и да работи според законите и Уставот. На ова Јанева и прочита на Авировиќ за што е надлежна според Законот за СЈО, потсетувајќи ја дека токму Парламентот ги изгласа тие нејзини ингеренции.

    Авировиќ ја критикуваше Јанева за експертите што ги ангажира, меѓу кои се и професорите Светомир Шкариќ и Гордан Калајџиев, како и адвокатот Александар Тортевски, за кои Јанева пак потсети дека со Законот за СЈО што го изгласа Парламентот, само таа е надлежна кого ќе ангажира во постапките. За хонорарите од 500 евра месечно за нив, рече дека во принцип не ги сакале, но таа инсистирала да им плати СЈО, во пропишана процедура, поради доверливоста на податоците и поради тоа што секој треба да биде платен за својот труд.

    Прашана за приватните разговори кои протекоа во јавноста на Драган Павловиќ-Латас и на пратеничката Ермира Мехмети, Јанева рече дека отворила постапка, но вештаците, професори, кои првин прифатиле, сега одбиваат да ги вештачат тие разговори, за да се утврди од кај протекле, дали материјалот е сечен, лепен и монтиран како што рече и да се утврдат дали се автентични гласовите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира