ДЕДО МРАЗ ПРЕКУ ПОЖАРНИКАРСКИ СКАЛИ ИМ ДОНЕСЕ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА НА ДЕТСКА КЛИНИКА

    ДЕДО МРАЗ ПРЕКУ ПОЖАРНИКАРСКИ СКАЛИ ИМ ДОНЕСЕ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА НА ДЕТСКА КЛИНИКАДедо Мраз ги донесе пакетчињата со помош на скопските пожарникари. (Фото: Министерство за здравство)

    Дедо Мраз со помош на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска дојде да ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

    Во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата на ковид-19 новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали.

    „На Клиниката дојде и министерот за здравство Венко Филипче кој на најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака Среќна Нова година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства“, вели Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира