КАТИЦА РЕЧЕ ИМА РАБОТА, ВЕЌЕ НЕ ДОАЃА НА КОМИСИЈА  КАЈ ЃОРЧЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА РЕЧЕ ИМА РАБОТА, ВЕЌЕ НЕ ДОАЃА НА КОМИСИЈА  КАЈ ЃОРЧЕВ

    Денес треба да продолжи расправата во собраниската Комисија за политички ситем за Извештајот на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).но најверојатно седницата нема да се одржи затоа што обвинителката Катица Јанева соопшти дека во Собрание ќе дојде само на пленарна седница.

    Откако вчера по четриридневно испитување ги обвини пратениците дека и прават мобинг, таа си замина и изјави: „Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на истата.“

    Од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека Јанева има многу работа и дека веќе непотребно изгубила време во Собранието. И самата таа минатиот петок им порача на пратениците: „Ми го губите времето“.

    „Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работата на ова Јавно обвинителство, сепак Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот“, соопшти СЈО.

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера ја почна седницата на која требаше да се расправа за извештајите за работа на СЈО и на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. По усвојувањето на дневниот ред, Вељаноски ја прекина седницата бидејќи собраниските служби треба да им ги достават на пратениците извештаите од работењето на Комисијата за политички систем. Сѐ додека не заврши комисиската расправа, извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на Јавниот обвинител Марко Зврлевски не може да бидат разгледани на собраниска седница и да бидат усвоени.

    Извори од Собранието за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека ако вака се продолжи, тешко е на дневен ред да дојдат извештаите на Јанева и на Зврлевски, бидејќи веќе од среда треба да почне расправата за новиот буџет за 2017 година.

    Синоќа Шарената револуција по тримесечна пауза повторно протестираше пред Собранието за подршка на работата на СЈО. Антивладините демонстранти ги повикаа пратениците да го дадат својот глас за сите закони што ги бара специјалната обвинителка Катица Јанева. Од говорница побараа сите институции да ги достават сите докази потребни за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да нема двојни аршини и селективна правда.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира