100 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 764 ТЕСТОВИ, УШТЕ 11 ПОЧИНАТИ

    100 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 764 ТЕСТОВИ, УШТЕ 11 ПОЧИНАТИНа Интерните клиники во Скопје за 24 часа имало 10 приеми на пациенти поради компликации од ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Единаесет лица починаа по компликации од ковид-19 во последното деноноќие, а од 764 тестови позитивни се 100, вели Министерството за здравство. Починати се тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67), еден од Тетово (68), еден од Гостивар (78), еден од Крива Паланка (84), еден пациент од Кочани (41), еден од Демир Хисар (72), еден од Македонски Брод (78) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

    Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.

    На Инфективните одделни во земјава се лекуваат 818 пациенти болни и суспектни на ковид-19 и има ококу 400 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје-314, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.

    Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 85.594 заболени од ковид-19, оздравеа 66.760, починаа 2.592, а активни случаи се 16.242.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 37056, активни 9961
    • Куманово 4841, активни 469
    • Дебар 673, активни 128
    • Штип 3351, активни 178
    • Прилеп 4329, активни 390
    • Тетово 4843, активни 698
    • Струга 2080, активни 221
    • Велес 2831, активни 381
    • Битола 3096, активни 404
    • Охрид 2531, активни 420
    • Кавадарци 2234, активни 479
    • Гостивар 3439, активни 440
    • Гевгелија 1202, активни 219 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2360, активни 428
    • Крива Паланка 652, активни 99
    • Радовиш 634, активни 72
    • Крушево 169, активни 18
    • Кочани 1639, активни 171
    • Пробиштип 459, активни 33
    • Демир Хисар 239, активни 30
    • Македонски Брод 223, активни 10
    • Пехчево 159, активни 18
    • Берово 531, активни 63
    • Валандово 317, активни 38
    • Виница 458, активни 59
    • Делчево 677, активни 198 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 195, активни 10
    • Свети Николе 1047, активни 67
    • Кичево 1600, активни 179
    • Ресен 664, активни 115
    • Неготино 1065, активни 246 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 764 теста се преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-93, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-118, Систина со ПЦР метода -179, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-65, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -55, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира