МАЈКАТА НА МИЛИЈАРДЕРОТ РИЧАРД БРЕНСОН ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    МАЈКАТА НА МИЛИЈАРДЕРОТ РИЧАРД БРЕНСОН ПОЧИНА ОД КОВИД-19Бренсон кажа дека мајка му Ив имала многу возбудлив живот (Фото: Вирџин)

    Милијардерот Ричард Бренсон потврди дека мајка му починала на 96 години откако се заразила со коронавирус.

    „Мајка ми Ив силно се бореше против вирусот, но притоа ја потроши целата своја енергија“, соопшти британскиот бизнисмен.

    Ив Бренсон зад себе остави 11 внуци и 10 правнуци.

    „Мајка ми имаше возбудлив живот. Играше на сцената на Вест Енд, во Втората светска војна служеше во Кралската морнарица, а по војната беше на турнеја во Германија како балерина. Таа беше инвентивна и бестрашна мајка“, кажа Бренсон.

    Во интервјуто за „Гардијан“ од 2014 година, основачот на „Вирџин груп“ откри дека неговото семејство било многу сиромашно кога тој бил мал. Неговото богатство лани изнесуваше 4,4 милијарди фунти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира