Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспиталиизрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.
„Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има“, рече министерот Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.
Кафулињата и рестораните од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.
А. АНТЕВСКА