СУДЕЊЕТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ЗАКАЖАНО ЗА 21 НОЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДЕЊЕТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ЗАКАЖАНО ЗА 21 НОЕМВРИ

    Главната расправа од судењето за обвинителниот предлог на СЈО за насилството во Општина Центар против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески, судијката Татјана Михајлова ја закажа за 21 ноември во 10 часот, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    „Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расправа е закажана за 21.11.2016 година во 10:00 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, информираа од Судот.

    СЈО на прес-конференцијата на 15 септември соопшти дека поднеле два обвинителни предлози. Едниот од нив е против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира