СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ КУПИ НОВИ КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, ЦИСТЕРНИ И МЕТЛАЧКИ ЗА 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА

    СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ КУПИ НОВИ КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, ЦИСТЕРНИ И МЕТЛАЧКИ ЗА 4,2 МИЛИОНИ ЕВРАНабавени се 30 возила за собирање ѓубре, пет цистерни и 10 метлачки. (Фото: СДК.МК)

    ЈП „Комунална хигиена“ купи 30 специјални возила за собирање на ѓубрето од домаќинствата и пет цистерни за миење на улиците. Вредноста на набавката според договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки е 3,2 милиони евра.

    Како што стои во спецификацијата купени се пет специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 1,1 и 5 метри кубни, пет возила за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 120 литри,  десет специјални  возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 5 метри кубни и пет возила со капацитет на надградба до 1,5 метар кубен. Купени се и два кипери и пет цистерни за миење на улиците.

    Претпријатието набави и десет метлачки за чистење на улици, а вредноста на овој договор е милион евра.

    Новите комунални возила ќе бидат дел од возниот парк пролетва, а како што велат од претпријатието тие во голема мера ќе придонесат за хигиената во градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира