ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОСТАВУВА МАСИ ЗА ПИНГ-ПОНГ, ШАХ И ТАБЛА НА ОТВОРЕНО

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПОСТАВУВА МАСИ ЗА ПИНГ-ПОНГ, ШАХ И ТАБЛА НА ОТВОРЕНООд Град Скопје велат дека со овие содржини просторот ќе стане поатрактивен и ќе го привлече локалното население. (Фото: СДК.МК)

    Маси за пинг-понг, шах и за табла ќе се постават на десетина локации во Скопје. Град Скопје, заради уредување и оплеменување на јавните површини, ќе поставува вакви содржи во пет Општини, за што ќе склучи договор за меѓуопштинска соработка.

    „Со овие содржини просторот ќе стане поатрактивен и ќе го привлече локалното население, а и случајните минувачи да поминат дел од денот во овие простори“, велат од Град Скопје.

    Во Општините Аеродром и Центар ќе се постават 2 маси за пинг-понг, двојна маса за шах, двојна маса за табла и 2 клупи, а во Гази Баба, Ѓорче Петров  и Карпош по една маса за пинг-понг, единечна маса за шах, единечна маса за табла и 2 клупи.

    Од буџетот на Град Скопје за овој проект се предвидени околу 40.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира