ПОДНЕСНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ГАЗДАТА НА КАФУЛЕТО КАЈ „МАВРОВКА“, ТОЈ ДЕНЕСКА ПОЧНА САМ ДА ГО ДОУРИВА ДИВИОТ ДЕЛ

    ПОДНЕСНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ГАЗДАТА НА КАФУЛЕТО КАЈ „МАВРОВКА“, ТОЈ ДЕНЕСКА ПОЧНА САМ ДА ГО ДОУРИВА ДИВИОТ ДЕЛСопственикот на кафулето утрово почна сам да го урива спорниот дел од дивоградбата кој не беше отстранет во акцијата на јавното претпријатие за државни патишта.(Фото:СДК.МК)

    Јавното обвинителство поднесе обвинение против газдата на кафулето на кафулето во ТЦ „Мавровка“ за нелегална градба. Во обвинението стои дека во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, лицето М.А. градел објект со површина од 330 метри квадратни на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган. Обвинителството побара од судот да обвинетиот да му бидат продолжени мерките на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето,привремено одземање на патната исправа, забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд.

    Сопственикот на кафулето „Фонтана” во ТЦ „Мавровка” утрово почна да го урива спорниот дел од дивоградбата кој не беше отстранет во акцијата на јавното претпријатие за државни патишта. Станува за збор за бетонската градба која како што објасни вчера градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу не можела да се урне бидејќи од силните вибрации на механизацијата ќе се оштетеле излозите на околните дуќани.

    Градоначалникот Ганиу тврди дека на местото на кафулето “Фонтана” нема да никне нова бетонска дивоградба туку објектот ќе биде како пред пожарот, а повеќе челични столбови се поставуваат за да биде побезбеден.

    Дивоградбата кај „Мавровка“ беше урната во септември лани. Откако Општината неколку месеци не ја уриваше оти не можеше да најде фирма за уривање, Владата го задолжи јавното претпријатие државни патишта да го стори тоа, по што за неколку дена бетонскиот објект беше отстранет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира