ГРУПАТА „ЈАВНА СОБА“ НА ТЕЛЕГРАМ Е ЗАТВОРЕНА, ЗАСЕГА ЧЕТВОРИЦА ЧЛЕНОВИ УАПСЕНИ

    ГРУПАТА „ЈАВНА СОБА“ НА ТЕЛЕГРАМ Е ЗАТВОРЕНА, ЗАСЕГА ЧЕТВОРИЦА ЧЛЕНОВИ УАПСЕНИДосега се уапсени двајца битолчани, велешанец и штипјанец, кои биле членови во групата „Јавна соба“. (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека групата „Јавна“ соба на апликацијата Телеграм е затворена, но апелираше на внимателност бидејќи на Телеграм имало друга слична група.

    „Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена. Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат“, напиша Спасовски на Фејсбук.

    Претходно, тој објави дека денеска се приведени вкупно четири лица, двајца од Битола и по еден од Велес и Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм.

    За случајот денеска се огласи и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаат и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира