СТОМАТОЛОШКИТЕ ТИМОВИ ОД ЈАВНОТО И ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ПРВАТА ФАЗА, ВЕЛИ СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА

    СТОМАТОЛОШКИТЕ ТИМОВИ ОД ЈАВНОТО И ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ПРВАТА ФАЗА, ВЕЛИ СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРАСпоред првичниот план, стоматолозите беа ставени во втората фаза, што предизвика голем број реакции кај оваа фела. (Фото: Фејсбук на Стоматолошки факултет)

    Сите стоматолози од јавно-здравствените установи во земјава и од приватното здравство ќе се вакцинираат против ковид-19 во првата фаза, а заинтересираните стоматолози со нивните тимови ќе се пријавуваат преку Стоматолошката комора, потврди за САКАМДАКАЖА.МК претседателот на Комората на Македонија д-р Маријан Денковски.

    Министерот за здравство Венко Филипче во саботата го претстави Националниот план за имунизација, заедно со групите како етапно ќе се вакцинираат. Според првично претставениот план, стоматолозите беа ставени во втората фаза, што предизвика голем број реакции кај оваа фела, и пред сѐ преку нивната Комора, за во неделата Министерството за здравство, по прашање од нашата редакција појасни дека под матични лекари, се подразбира дека и матичните стоматолизи и гинеколози ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинраат против Ковид 19.

    „После претставениот план, ние веднаш остваривме комуникација со Министерството за здравство со реакција зошто стоматолозите се ставени во здравствени работници со умерен ризик, по што добивме уверување за корекција на планот за имунизација. Следен чекор беше комуникација и разговори со одговорните од Мој термин за текот на имнунизација на сите стоматолошки тимови кои работат и во ЈЗУ и во ПЗУ и утврдивме дека сите стоматолошки тимови ќе се вакцинираат против ковид-19 во првата фаза, а за логистиката ќе е задолжена Стоматолошката комора на Македонија.
    Во наредните денови како Комора ќе ги исконтактираме сита наши членови, во ПЗУ и ЈЗУ, ќе им испратиме прашалници преку е-пошта, на кој сите заинтересирани доктори на стоматологија за имунизација ќе треба да ни ги пратат барани податоци за нивните стоматолошки тимови. По прибирањето на податоците заедно со Мој термин ќе се изготви распоредот за имунизација по што повторно ние, Комората, ќе ги известиме стоматолозите кога и каде ќе се вакцинираат “, ни рече д-р Денковски. Тој потенцира дека оваа информација се однесува само за докторите стоматолози кои работат во стоматолошка здравствена заштита и во оваа фаза нема да важи за невработените стоматолози и оние кои се вработени во други сектори.

    Претседателот на Стоматолошката комора додава дека се во координација со Фармацевстката и со Лекарската комора со кои и има иницијатива да се направи кампања за поддршка и подигнување на свеста од имунизацијата кај граѓаните, но и кај здравствените работници и оти наскоро ќе ги објават информациите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира