Силниот ветер со брзина на моменти и до 70 километри на час, откорна над 20 дрвја во градскиот парк, касарната, во Нова Битола и на други места. Претежно откорнати се борови. Невремето предизвика и проблеми со електричното напојување. Без струја се петнаесетина битолски села, меѓу кои Трново, Раштани, Канино, Породин и други, како и делови од центрот на градот.
Екипи од Јавното претпријатие „Комуналец“ се излезени на терен и ги санираат штетите. Од ЕВН велат дека ангажирани се тимови на терен за за да се овозможи нормално струјно напојување. Ветерот предивика проблеми и со уличното осветлување.
Ж. ЗДРАВКОВСКА