ЗА 5,3% ПОВЕЌЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 И НОВИ ВАРИЈАНТИ НА ВИРУСОТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВЕЛИ МОЖНО Е ДА ДОАЃААТ ОД СТРАНСТВО

    ЗА 5,3% ПОВЕЌЕ НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 И НОВИ ВАРИЈАНТИ НА ВИРУСОТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВЕЛИ МОЖНО Е ДА ДОАЃААТ ОД СТРАНСТВОГолем број новозаболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 30 до 39 години. (Фото: К. Попов)

    Зголемување од 5,3% на новoзаболени од ковид-19 и намалување од 34,8% на починати се регистрира во извештајот на Интитутот за јавно здравје (ИЗЈ) за периодот од 8 до 14 февруари.

    „Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на внес на нови случаи на ковид-19 од странство“, вели ИЈЗ.

    Во тој период се тестирани 16.299 материјали во лабораториите, со зголемување од 13,2%, во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 5,3%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (953; 42,7%), со неделна инциденца од 154,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 425,2/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

    Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, со намалување од 34,8%, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице на возраст од 40 до 49 години.

    Процентот на позитивност се движи од 6,8 до 16,6%, просечно 12,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (583, 26,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 (416; 18,6%), од 40 до 49 (408; 18,3%), од 50 до 59 (379; 17,0%) и од 20 до 29 години (276; 12,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (53; 2,4%) и од 10 до 19 години (117; 5,2%).

    По добиени два негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2% помалку во споредба со минатата недела.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира