Изминативе неколку дена оштетени се голем број од автобуските постојки во Битола. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно целосно беа реконструирани и исчистени од Општина Битола.
Општината не го пријавила вандализмот во полиција, но апелира да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми да бидат пријавувани.
Ж. ЗДРАВКОВСКА