71 БОЛЕН СО КОВИД-19 ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ ЗА 24 ЧАСА

    71 БОЛЕН СО КОВИД-19 ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ ЗА 24 ЧАСАВо „8 Септември“ има вкупно 107 болни од ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Седумдесет и еден нов пациент се хоспитализирани во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје поради компликации од коронавирусот.  Во Скопје лежат 514 лица и до 8 часот утрово имало 40 слободни места, а во болниците низ земјава лежат 679,  вели Министерството за здравство. На Инфективните оддели во Скопје  во болниците низ земјава лежат 1.193 и има околу 290 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Најмногу приеми има во ковид центарот на ГОБ „8 Септември“ – 26. На Интерните клиники и на Трауматологија биле приемни 24, а на Инфективната клиника 15 пациенти со компликации. Во Детската болница Козле биле примени 6 нови пациенти.

    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти. Во „8 Септември“ лежат  купно 107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент, во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 94. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 103, во Ковид-центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 8, Кавадарци 74, а во Гевгелија 16 лица.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 115.222, оздравени се 99.015, починати се 3.388, а активни случаи се 12.819.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира