КОВИД-ЦЕНТРИ СЕ ОТВАРААТ И НА КАРДИОЛОГИЈА И НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА, ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ САМО ИТНИ ОПЕРАЦИИ

    КОВИД-ЦЕНТРИ СЕ ОТВАРААТ И НА КАРДИОЛОГИЈА И НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА, ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ САМО ИТНИ ОПЕРАЦИИВо скопскиот Клинички центар капацитетот за ковид болни ќе се зголеми за плус 100 кревети. (Фото: К. Попов)

    Ковид пациенти ќе се примаат и на делови од Клиниката за кардиологија и на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а во „8 Сепетмеври“ ќе се редуцира хируршката програма и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни, соопшти Министерството за здравство.

    Изминативе неколку денови, расте бројот на новозаразени од ковид-19 и од пациенти кои имаат потреба од хоспитализација. Во изминатите 24 часа во Скопје беа примени 71 пациент, а низ цела земја лежат 1.193 болни.

    • За ковид болни пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
    • На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршките интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
    • Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
    • Во Градската општа болница „8 Септември“ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни.
    • Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.
    • 71 БОЛЕН СО КОВИД-19 ПРИМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ ЗА 24 ЧАСА
    • СЀ ПОМАЛКУ ИМА ПЕРСОНАЛ И МЕСТА ВО БОЛНИЦИТЕ, ЛЕКАРСКАТА КОМОРА БАРА ПОГОЛЕМИ КОВИД РЕСТРИКЦИИ

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира