ФРАНЦИЈА ПРЕПОРАЧА ЛИЦАТА ПОД 55 ГОДИНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА ДОБИЈАТ НЕКОЈА ДРУГА ВАКЦИНА ЗА ВТОРА ДОЗА

    ФРАНЦИЈА ПРЕПОРАЧА ЛИЦАТА ПОД 55 ГОДИНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА ДОБИЈАТ НЕКОЈА ДРУГА ВАКЦИНА ЗА ВТОРА ДОЗАВтората доза треба да биде од вакцина заснована врз информациона РНК, какви што се „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ (Фото: Ројтерс)

    Француските власти кажаа дека лицата под 55 години кои ја примиле првата доза од вакцината на „АстраЗенека“ треба да добијат некоја друга вакцина за втора доза. Ова следува откако Европската агенција за лекови неделава потврди дека тромбоза може да се смета за многу редок несакан ефект на вакцината на „АстраЗенека“.

    „Ова ќе биде потврдено денеска и е сосема логично“, изјави министерот за здравство Оливје Веран.

    Медицинското регулаторно тело (ХАС) кажа дека временското растојание меѓу две вакви дози треба да биде 12 недели. Втората доза треба да биде од вакцина заснована врз информациона РНК, какви што се оние на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“, кои се одобрени во ЕУ.

    Според ХАС, околу 533.000 луѓе се погодени со оваа одлука, а меѓу нив е и 41-годишниот Веран, кој се вакцинираше со „АстраЗенека“ пред камери на 8 февруари.

    „Сосема е јасно дека не ја препорачуваме вакцината на ‘АстраЗенека‘ на лицата под 55 години додека не дознаеме повеќе. Така што, ако имате помалку од 55 години и сте се вакцинирале со ‘АстраЗенека‘, ќе ви биде понудена друга вакцина после 12 недели“, изјави Веран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира