ПОЧИНА НОБЕЛОВЕЦОТ ДАРИО ФО

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Италија,(БИ-БИ-СИ)

    ПОЧИНА НОБЕЛОВЕЦОТ ДАРИО ФО

    Дарио Фо, италијанскиот драмски писател и актер прославен со неговата политичка сатира, почина во Милано на 90 години. Фо, меѓу чии драми се и „Случајна смрт на еден анархист“ и „Не можам да платам? Не плаќам!“, ја доби Нобеловата награда за литература во 1997. Познат е по „Мистеро Буфо“, монодрама која тој ја изведуваше низ светот 30 години.
    Во неговите драми често играше и неговата сопруга, актерката Франка Раме.
    Италијанскиот премиер Матео Ренци, кој и самиот беше цел на сатирата на Фо, денеска рече дека тој е „еден од величествените протагонисти на театарот, културата и граѓанскиот живот во нашата земја“.
    „Неговата сатира, истражувањето, неговата работа на сценографијата и повеќеслојната уметничка активност остануваат наследство од големиот Италијанец за светот“.
    „Случајна смрт на еден анархист“, најпознатата драма на Фо, беше напишана како одговор на вистинската смрт на еден политички анархист во притвор. Првпат беше изведена во 1970, а оттогаш е поставена во над 40 земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира