СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 6.2 ОТСТО, ПОЧИНАЛЕ 276 ЛИЦА

    СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 6.2 ОТСТО, ПОЧИНАЛЕ 276 ЛИЦАОд 5 до 11 април има намалување од 13,4% во однос на минатата недела во бројката на новозаболени лица. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 5 до 11 април во земјава по компликации од ковид-19 починале 276 лица од од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 238 лица биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

    Во тој период тестирани се 27.329 материјали, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

    Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (1.245; 18,1%), 40-49 (1.201; 17,5%), 30-39 (1.176; 17,1%) и 20-29 (711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (112; 1,6%) и 10-19 години (316; 4,6%).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-ЦоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.

    Институтот наведува дека на 17 февруари во Македонија почна вакцинацијата против ковид-19, и заклучно со 11 април, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – „Фајзер/Бионтек“ и 2.996 – „спутник В“) и 5.857 (3.817-„Фајзер/Бионтек“ и  2.040- „спутник В“ ) со втора доза на вакцина против ковид-19. Од 31 март започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11 април  вакцинирани се 8.330 лица. Од 5 април почна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира