НАМАЛЕНИ КАЗНИТЕ НА 16 ОБВИНЕТИ ОД СЛУЧАЈОТ „ШПИОН“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАМАЛЕНИ КАЗНИТЕ НА 16 ОБВИНЕТИ ОД СЛУЧАЈОТ „ШПИОН“

    Апелациониот суд Скопје ги намали казните на 16 првостепено осудени лица од случајот „Шпион“, што во жалбената постапка го побара и Специјалното обвинителство, кое ја презеде надлежноста за овој случај.
    Основниот суд Скопје 1 соопшти дека за обвинетиот Ѓ. Х. се уважува жалбата и неговиот предмет се враќа на повторно судење и одлучување. На првообвинетиот Марјан Ефремов за кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа, уцена и прикривање, казната му се намалува за 4 години, па сега е осуден на 10 години и 6 месеци. Генералот Горан Стојков за делата злосторничко здружување и изнуда од Апелациониот суд доби намалена казна од три години и три месеци.
    На Марјан Маџовски, поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој беше под обвинение за злосторничко здружување, му се изрекува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 1 година затвор, казна која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 3 години не стори ново кривично дело.
    Обвинетиот Ване Цветанов, за злосторничко здружување и злоупотреба на државна, службена или воена тајна, сега доби условна затворска казна, две за пет години.
    Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира