ХАН БАРА ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХАН БАРА ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје повика да не се злоупотребува Специјалното јавно обвинителство и да се остави да ја работи својата работа, како што рече, на адекватен начин. Притоа не кажа кој го злоупотребува СЈО.

    “Секој дел од судството, а особено овде Специјалниот обвинител, мора да работи непристрасно. Се сретнав со неа денеска, важно е таа да ги употреби сите можни механизми што ги има на располагање и нејзината работа не треба да се попречува“, додаде Хан на прес-конференција по денешните средби во Скопје, и не спомена дека треба да се донесат законите за заштита на сведоците и за продолжување на мандатот на СЈО, коишто Јанева ги бара од Парламентот.

    По денешните средби со Јанева и со лидерите на партиите претставници на граѓанскиот сектор, Хан добил впечаток дека изборите може непречено да се одржат. Видел, како што рече, напредок во Избирачкиот список, во работата на медиумите и на Агенцијата на медиуми.

    “Државната изборна комисија може и ќе си ја работи својата работа на  начин како што си ја работеше и претходниот период“, рече еврокомесарот.

    Според него, престојните предвремени парламентарни избори се многу важни за Македонија. Потсети дека во Македонија веќе две години има политичка нестабилност, што според него, не беше добро за земјата. Повика на посветеност на новата Влада на европските перспективи на државата.

     

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира