Норвешка ќе им понуди вакцина со информациона РНК како втора доза на оние кои првично се вакцинирале со „АстраЗенека“, објави министерството за здравство.
Земјата на 11 март ја суспендираше употребата на оваа вакцина откако мал број луѓе биле хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крвавење и ниско ниво на тромбоцити, од кои неколкумина починале. На 10 мај треба да излезе извештај од владина комисија дали воопшто да се продолжи со вакцинирањето со „АстраЗенека“, но одлуката ќе биде задоцнета за оние кои веќе ја примиле првата доза.
„Разјаснување за втората доза е потребно пред комисијата да го објави извештајот. Токму затоа, на оние кои се вакцинирале со ‘АстраЗенека“ ќе им биде понудена вакцината на ‘Фајзер/Бионтек‘ или на ‘Модерна‘ како втора доза“, изјави министерот за здравство Бент Хоеле.
Околу 135.000 Норвежани, главно здравствени работници, ја примиле вакцината на „АстраЗенека“ пред таа да биде суспендирана. Данска, Финска, Германија и Франција исто така претходно го одобрија мешањето на вакцините.