КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО НА 49 ГОДИНИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“, А МАКЕДОНИЈА ТОКМУ ПОРАДИ КАНАДА ЈА ОГРАНИЧИ НА НАД 60

    КАНАДСКИОТ ПРЕМИЕР ТРУДО НА 49 ГОДИНИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО „АСТРАЗЕНЕКА“, А МАКЕДОНИЈА ТОКМУ ПОРАДИ КАНАДА ЈА ОГРАНИЧИ НА НАД 60Трудо се вакцинираше во локална аптека во близина на зградата на парламентот (Фото: Твитер)

    Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи ја примија првата доза од ковид вакцината на „АстраЗенека“.

    „Многу сум возбуден“, изјави 49-годишниот Трудо откако се вакцинираше во локална аптека во близина на зградата на парламентот, по што додаде:

    „Ако е вашиот ред да се вакцинирате, направете го тоа што е можно побрзо“.

    Трудо се вакцинираше со „АстраЗенека“ повеќе од три недели откако Канада ја суспендираше нејзината употреба за лицата под 55 години, што беше директен повод и Македонија да донесе слична одлука. Канада и Германија беа првите земји кои објавија дека ќе ја ограничат употребата на оваа вакцина на одредена возрасна група поради извештаите за појава на ретки случаи на тромбоза.

    „По извештаите на Канада и Германија донесовме одлука да ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со ‘АстраЗенека’ лица кои се помлади од 60 години“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на 30 март.

    Канада во меѓувреме ја промени својата политика кон оваа вакцина и Националниот советнички панел за имунизација (НАЦИ) вчера соопшти дека сите кои имаат над 30 години можат да се вакцинираат со „АстраЗенека“.

    „Врз основа на сегашните докази, НАЦИ препорачува вакцината на ‘АстраЗенека‘ да им се понуди на сите поединци постари од 30 години, бидејќи придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците“, соопшти панелот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира