ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА СО ДРУГИ ВАКЦИНИ ОСВЕН „АСТРАЗЕНЕКА“ МОЖЕ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА СО ДРУГИ ВАКЦИНИ ОСВЕН „АСТРАЗЕНЕКА“ МОЖЕ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо земјава досега се вакцинирани 51.853 лица, а пријавени се 199.084. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонските граѓани кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија со други вакцини освен „АстраЗенека“, може да се ревакцинираат во земјава, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во однос на „АстраЗенека“, останува препораката да не се дава на лица под 60 години.

    Српскиот министер за здравство Златибор Лончар минатата недела на заедничка прес-конференција со Филипче во Белград кажа дека oколу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава.

    Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани со „АстраЗенека“, која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.

    Имунизацијата во земјава се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „спутник“ и со „Синофарм“ во здравствените домови низ земјава и во „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје.

    Филипче кажа дека е стигната втората пратка на „спутник“ од Србија која ќе се користи за ревакцина, дека денес стигнале и 10 илјади вакцини на „Фајзер“ и дека го добиле планот како ќе стигаат секој понедeлник по 4-7.000 од овие вакцини, со што вкупно ќе стигнат 26.000.

    Кинеските вакцини, 200.000 на број, на 28 април ќе се товарат во Пекинг, на 30 април ќе стигнат во Белград преку Истанбул, и после со специјален ланец на камиони ќе стигнат во скопската поликлиника „Јане Сандански“.

    Во земјава досега се вакцинирани 51.853 лица, а пријавени се 199.084.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, а вкупно лежат 598 лица. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.422 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

    Филипче кажа дека веќе е испразнето одделението за ковид пациенти на на Клиниката за урологија, после празниците ќе се испразни и одделението на Клиниката за пластична хирургија.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира