ЧЕТВОРИЦА ОД МВР И ПОСРЕДНИКОТ ПРИЗНАА ДЕКА ИЗРАБОТУВАЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ

    ЧЕТВОРИЦА ОД МВР И ПОСРЕДНИКОТ ПРИЗНАА ДЕКА ИЗРАБОТУВАЛЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИАкцијата за апсење на вработените во МВР кои нелегално изработувале пасоши за странски државјани беше спроведена на 6 април. - Зградата на МРТВ, каде што е сместено Одделението за управни работи во МВР (архивска фотографија)

    Уште на почетокот на судењето за издавањето лажни пасоши на странски државјани, петмина од обвинетите признаа вина, објави државната агенција МИА. Станува збор за Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља, сите вработени во Одделението за управни работи во МВР, како и посредникот Раиф Мифтари. Баруфи е првостепено осуден на 2 години и 7 месеци, Личина и Мифтари на 2 години и 3 месеци, Велков на 2 години и Биља доби шест месеци условно.

    Обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна денеска во Основниот кривичен суд преку нејзиниот адвокат преднајави признание на вина.

    Останатите петмина обвинети Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари рекоа дека не се чувствуваат виновни.

    Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, тие издале пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин. Голем дел од лицата кои добиле македонски пасоши на овој начин биле криминалци барани со меѓународни потерници.

    Обвинителката Спасенка Андонова рече дека заедно со обезбедените докази со посебни истражни мерки, направен е и албум со фотографии и податоци за 215 патни исправи, каде се покажува чиј идентитет е искористен за кое лице.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира