Министерката за образование Мила Царовска и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска на прес-конференција ги промовираа реновираните тоалети на скопското основното училиште „11 Октомври“. Во ова училиште, изградено во 1954 година, сега има и тоалети прилагодени за децата со посебни потреби.
„Денеска правиме обиколка на реновираните санитарни јазли кои ги започнавме минатата година и беа во доста лоша состојба. Комплетно се реновирани тоалетите во целото училиште и во спортската сала. Вложени се 7,8 милиони денари и веќе во наредна фаза продолжуваме со реновирање на останатите простории“, кажа градоначалникот Богдановиќ.
Министерката Царовска кажа дека со реновирањето на тоалетите и останати простории учениците ќе добијат современи услови за престој.
А. АНТЕВСКА