ГРЦИЈА УТРЕ ГО ОТВОРА ПРЕМИНОТ ЕВЗОНИ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ, КОВИД ВАКЦИНИРАНИ, ПРЕЛЕЖАНИ ИЛИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ

    ГРЦИЈА УТРЕ ГО ОТВОРА ПРЕМИНОТ ЕВЗОНИ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ, КОВИД ВАКЦИНИРАНИ, ПРЕЛЕЖАНИ ИЛИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТПремиерите Заев и Мицотакис на денешната средба во Атина. (Фото: Влада на РСМ)

    Грција од од утре го отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната средба со грчкиот колега Константин Мицотакис во Атина.
    Заев денеска во Атина учествуваше на Економскиот Форум „Делфи“, а како што вели имале „одлична работна средба со премиерот Мицотакис“.

    На 14 мај почнува и туристичката сезона и ќе се дозволи влез и на странски туристи. Грција ги признава сите вакцини против ковид-19, а не само оние одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

    Грција нагласува дека вакцинирањето не е задолжителен услов за влез во земјата, туку доволен ќе биде и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, односно доказ за прележан ковид-19. Ако вакцинацијата е целосна, односно минале 14 дена од втората доза и вакцинираниот има соодветен вакцинален сертификат, тогаш не треба доказ за негативен тест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира