ГИ ШТИТИМЕ СИРОМАШНИТЕ И НЕМА ДА ГИ РУШИМЕ ДИВОГРАДБИТЕ, РЕЧЕ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА АНТИКОРУПЦИЈА НИКОЛОВСКИ

    ГИ ШТИТИМЕ СИРОМАШНИТЕ И НЕМА ДА ГИ РУШИМЕ ДИВОГРАДБИТЕ, РЕЧЕ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА АНТИКОРУПЦИЈА НИКОЛОВСКИ„Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава“, вели Николовски за Законот за легализација на дивоградби. (Фото: Фејсбук)

    Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски смета дека дивоградбите кои требаше да бидат опфатени со новиот Закон за легализација не треба да се рушат оти на тој начин 50.000 граѓани ќе останеле брз покрив над главата. Николовски вели дека СДСМ и Владата ги штитат интересите на сиромашните и ранливите граѓани и затоа бил донесен Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

    „Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава. Мора да носиме одлуки, решенија на проблемите коишто се генерациски, кои некој ни ги остави. Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решавање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка. Секако дека СДСМ ги штити сиромашните, ранливите групи и во ниту еден случај нема да ги руши тие објекти. Меѓутоа треба во соодветна постака да  се најдат механизми за решавање на ова прашање“, кажа Николовски одговарајќи на новинарско прашање откако ја прими првата доза на вакцината на „синофарм“ во салата „А1 Арена Борис Трајковски“ во Скопје.

    Со 72 гласа „за“ на 11 мај пратениците од власта и опозицијата го донесоа новиот Закон за легализација на дивоградби со кој се дозволува да се легализираат објекти и во национални паркови, а од кривична одговорност се ослободени оние кои граделе на диво.

    Откако претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот, сега, според законодавната постапка, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише Указот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира