СИТЕ НАД 40 ГОДИНИ КОИ ДО 30 АПРИЛ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ТЕРМИН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    СИТЕ НАД 40 ГОДИНИ КОИ ДО 30 АПРИЛ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДОБИЈА ТЕРМИН, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕВо наредните три дена термини за вакцинирање ќе добијат и оние над 40 годинии од другите градови.(Фото: СДК.МК)

    Сите граѓани и граѓанки од Скопје кои до 30 април се пријавиле за вакцинација против ковид-19 на сајтот vakcinacija.mk добиле термин, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во наредните три дена, како што вели Филипче, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст и од другите градови кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање.

    „Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација“, вели Филипче.

    Досега во земјава вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, вакцинирани се 176.909 лица, а ревакцинирани  26.415. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431.

    Вакцинацијата во земјава се спроведува со вакцините на „Синофарм“ од кои вчера стасаа нови 100.000 дози и на „Фајзер“ од кои нови пратки стигаат секој понеделник. Од понеделник ќе почне вакцинирање на лицата над 70 години со вакцината на „АстраЗенека“, откако во петокот преку Ковакс механизмот стаса втората пратка од 38.400 вакцини.

    Лицата над 60 години кои првата доза од „АстраЗенека“ ја примија во Србија, како што велат од Министерството за здравство, ќе може да се ревакцинираат во земјава. Од Министерството додаваат дека во моментов работат на утврдување начин за пријавување на оваа категорија граѓани. Останатите под 60 години ќе мора да се ревакцинираат во Србија.

    Од Стопанската комора на Македонија денеска најавија дека обезбедиле ревакцинација на 2.200 стопанственции кои првата доза во март ја примија во Ниш. Ревакцинација за нив е закажана за 19 и 20 јуни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира