КОВИД СЕРТИФИКАТОТ ГО ИЗДАВА МАТИЧНИОТ ЛЕКАР, А ДИГИТАЛНАТА ПРОПУСНИЦА ЌЕ СЕ СИМНУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    КОВИД СЕРТИФИКАТОТ ГО ИЗДАВА МАТИЧНИОТ ЛЕКАР, А ДИГИТАЛНАТА ПРОПУСНИЦА ЌЕ СЕ СИМНУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН, КАЖА ФИЛИПЧЕГерманската амбасадорка Холштајн и Филипче денес ја претставија донацијата од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади еврa за јавното здравство. (Фото: К. Попов)

    Дигиталната ковид пропусница ќе може да се симнува како апликација на мобилен телефон од почетокот на следната недела, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    „Тој е електронски пас преку кју-ар (QR) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон. Ќе содржи простор за три податоци: на кју-ар кодот ќе има податоци за вакцина и ревакцина и типот на вакцината, вториот податок ќе биде ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно тестирање во случај некоја од земјите да бара ПЦР тест. И третиот податок е за соодветна количини на детектирани антитела како доказ за прележана болест ако некоја од земјите го бара за влез како параметар. Сертификатот  ќе го издаваат матичните лекари, граѓаните ќе може да го симнат во својата апликација и да ги надградуваат податоците“, појасни Филипче на промоцијата на донација на брзи ковид тестови од Германската амбасада.

    Во однос на тоа дали земјите членки на Европската Унија (ЕУ) ќе дозволат влез за вакцинирани со руската и со кинеската вакцина, министерот кажа дека сега е тешко да се каже каква ќе биде политиката на земјите членки, затоа што ги менуваат ставовите.

     Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира