Денес се затвораат сите Ковид-центри на Интерните клиники поради намалениот број на пациенти со компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за туберколоза и белодоробни заболувања и Клиниката за инфективни болести.
Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти, а вкупно лежат 142 лица болни. Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми. Во Градската општа болница (ГОБ) „ 8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во Ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, додаваат од Министерството.
Во изминатите 24 часа во Ковид-ентрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 237 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 43 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во Гостивар 7, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица.
На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 379 и има околу 614 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Б. НЕСТОРОСКА