ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ОД БРИТАНИЈА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19

    ГЕРМАНИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ОД БРИТАНИЈА ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ИНДИСКИОТ СОЈ НА КОВИД-19Влезот ќе биде дозволен за германските државјани, но ќе мора да одат во 14-дневен карантин. (Фото: Шатерсток)

    Германија забрани влез на лица кои патуваат од Велика Британија. Одлуката стапува на сила утре, а се носи поради зголемувањето на заболени од индискиот сој на ковид-19 во Британија.

    Авиокомпаниите, железничките и автобуските компании ќе можат само да внесат германски граѓани или жители во земјата, но ќе одат во двонеделен карантин, дури и да имаат негативен тест на ковид-19.

    „Оваа одлука е тешка за Британија, но е неопходна, со цел да го спречиме ширењето на индискиот сој во Германија“, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

    Во Британија, досега над 37.5  милиони луѓе примиле една доза на вакцина против ковид-19, а над 21.6 милиони се ревакцинирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира