НОВА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КОВИД ТЕСТОВИ ВО КУМАНОВСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    НОВА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КОВИД ТЕСТОВИ ВО КУМАНОВСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕПЦР тестирањето ќе биде во соработка со Фондот за здравство и ќе се одвива преку закажување термини од матичните лекари. (Фото: СДК.МК)

    Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска започна со работа нова лабораторија, каде ќе се изработуваат тестови за ковид-19. Изработката на ПЦР тестовите, ќе биде во соработка со Фондот за здравство (ФЗОМ), и ќе се одвива преку закажување термини од матичните лекари.

    „Неколку месеци макотрпно работевме за отварање молекуларната лабораторија, која ќе служи на граѓаните од нашиот поголем регион, кој досега имаше сериозни проблеми околу обезбедување на термини и носење на брисевите од ковид-19. Сега ќе биде многу полесно, тука се земаат брисевите и истиот ден ќе се даваат резултатите. Ќе гледаме брисеви по МојТермин и епидемиолошки, брисеви за патување во странство и за клиничко лекување“, рече д-р Дане Милошевски, специјалист по микробиологија.

    Цените за комерцијалните ПЦР тестови се движат од 1.850 денари за резултат без превод, со сертификат и превод на англиски јазик 2.200 денари и ултратест молекуларен ПСР  кој ќе бива готов до еден час ќе чини 3.000 денари. За групни патување преку туристички агенции и други правни лица, цената ќе изнесува 1.850 со сертификат.

    Засега лабораторијата ќе работи само прва смена, со намера да проработи и попладне.

    Лекарите велат дека епидемиолошката состојба во Куманово засега е поволна, во текот на минатата недела пријавени се 19 новозаболени на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од кои 18 во Општина Куманово еден во Општина Липково, тројца починати и 110 активни. Денеска има 8 новозаболени.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира