УКРАИНА ЈА РАЗЛУТИ РУСИЈА ОТКАКО ГО СТАВИ КРИМ НА ДРЕСОВИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    УКРАИНА ЈА РАЗЛУТИ РУСИЈА ОТКАКО ГО СТАВИ КРИМ НА ДРЕСОВИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОНа дресот се исцртани границите на Украина сосе Крим (Фото: АФП)

    Новиот дрес на украинската фудбалска репрезентација за Европското првенство предизвика гнев во Русија бидејќи содржи мапа во која е вклучен и анектираниот полуостров Крим.

    Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година и го смета за своја територија, што не е признато од меѓународната заедница. Руски пратеници го опишаа потегот како политичка провокација и ја повикаа УЕФА да реагира.

    Дресот го претстави претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Павелко на неполна недела до почетокот на првенството и на него се исцртани границите на Украина сосе Крим и регионите Донецк и Луганск, кои се под контрола на проруските сепаратисти. На позадината на дресот е испишан слоганот „Слава за Украина!“, што се користеше во демонстрациите против прорускиот претседател Јанукович во 2014.

    „Веруваме дека силуетата на Украина ќе им даде сила на играчите, зашто тие ќе се борат за сите во Украина“, изјави Павелко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира